Ера
XV
натпреварувачи
8 632
Бран 26
00:00:00

Инвазија на номади: Граѓанска војна



- Почеток на 04.04.2019 во 14:00 часот, време по сервер [GMT +2].
- Бесплатна регистрација.

Општи правила и услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили со над 20-то ниво на профилот за верзија 6 и профили со над 500 нето економски поени и регистрирани најмалку една седмица пред почетокот на турнирот за верзија 5. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.
- Сите учесници ќе имаат активиран премиум во текот на целиот турнир.

Правила на игра во турнирот



- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (x10) – десет пати побрзо од нормалното.
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој ресурс и бонус предмети.
- Нападите меѓу играчи се дозволени, но ограничени. Играчите не можат да се напаѓаат 3 часа пред да удри номадски бран, како и 2 часа после тоа.
- Шпионажата помеѓу играчи е дозволена.
- На секои 10 часа против играчите се извршуваат системски испратени напади, ќе има вкупно 50 вакви бранови. Исклучок прави првиот бран кој ќе продолжи 17 часа. Тој ќе започне 1 час после почетокот на турнирот.
- Секој напад ќе удира според шема во точно одреден час. Шемата на сите 50 бранови ќе биде достапна за учесниците во турнирот внатре во играта.
- Додека турнирот е во тек, на Големите луѓе нема да им се паѓаат следните Вештини/Таленти: Логистичар, Колонизатор, Трговец со ресурси, Експерт за транспорт, Медицински научник, Управник на воена станица.
- Напаѓачките номадски војски ќе варираат во зависност од нето економските поени на нападнатиот играч. Колку повеќе нето економски точки има играчот, толку посилни ќе бидат номадските напади.
- За секој победен варварски камп во рамките на последните 10 часа, играчот ќе добие 1% зголемување на силата на нападот од номадите. Очекуваната сила на номадските напади нема да биде ограничена.
- Битките се пресметуваат на истиот начин како и во другите светови на Империја Онлајн, Верзија 6. Единиците на Номадите немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси при опсада на тврдина. Единиците на другите играчи ќе имаат стандарден капацитет на носивост.
- Видовите номадски напади се избираат на случаен принцип и не е задолжително да го зачуваат истиот редослед.
- Ако напаѓачката номадска војска победи во Опсада на тврдина, сите градби на играчот паѓаат за 1 ниво и основната вредност на нивните поени се одзема од моменталните нето економски поени на играчот. Ако некоја градба е во изградба, се отстранува нивото кое е во тек и се одземаат неговите нето економски поени. Куќите не може да паднат под 5-то ниво во Престолнината и под 1-во ниво во другите провинции. Нападите од играчи нема да ги намалуваат нивоата на градбите.
- Секој играч има максимален број животи - 50. За секоја изгубена битка против номади се одзема 1 живот. При загуба на 50-те животи, играчот не може да се натпреварува за големите и специјалните награди. Не се губат животи при загуба на битки против играчи.
- Ако номадскиот напад е испратен кон провинција што играчот не ја поседува (пр. нападот е испратен кон Провинција 3, но играчот има само Провинција 1 и Провинција 2), нападот ќе удри во една од провинциите, кои се во сопственост на играчот, избрана на случаен принцип.
- Ако номадски напад е испратен кон повеќе од една провинција, а играчот поседува само една припоена провинција, војските се собираат и заедно ја напаѓаат таа провинција.
- За секој успешно одбиен номадски напад, играчот добива воен приход еднаков на 50% од уништените непријателски војски во златен еквивалент, разделен подеднакво меѓу ресурсите дрво и железо. Овој приход е достапен само во следните 10 часа после бранот. Нема да се дава воен приход за одбиени напади од играчи.
- Сите играчи почнуваат со Тврдина 1 и 25 стрелци во гарнизон.
- Максималниот број провинции што еден играч може да ги има е 9: Престолнина + 8 припоени; играчот нема право да припојува и да претвора во вазал надвор од својата ексклузивна зона.
- Моменталните опции - обука на војска, завршување на градби и истражувања, како и транспорт помеѓу провинциите се достапни под номадски напад. Градби, истражувања и војска можат да бидат порачувани во ред за чекање дури и под напад.
- Кога еден играч е под напад од друг играч се применуваат стандардните правила за заклучување под напад.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа колкав процент претставува војската од нето економските поени на играчот.
- Цените на пазарот ќе бидат фиксни според нивните основни вредности и нема да се променуваат за време на целата Ера. Ќе биде достапна опција за размена на ресурси и под напад. Фиксната трговска провизија е - 15% (петнаесет).
- Нема управувања(по подразбирање, играчите почнуваат со неутрално управување без бонуси и негативни ефекти).
- Нема Советник.
- Нема загуба на Задоволство за изгубена Опсада на тврдина или Битка на поле против номади. За изгубена Опсада на тврдина или Битка на поле против играч ќе следуваат стандардните казни на задоволството.
- Нема Оддалечени поседи (Колонии, Трговски станици, Воени станици).
- Нема Сојузи.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Варварските кампови нема да ги напаѓаат играчите.
- Нема да се даваат дијаманти за Воин на денот.
- Нема дневни мисии.
- Нема достигнувања.
- Нема Тркало на среќата.
- Нема Глобални настани.
- Нема Турнири.
- Нема претплата за храмот.
- Нема зголемување на силата на Номадските напади освен тоа од нападнати варварски кампови.
- Чудата ќе бидат достапни за изградба, но ќе бидат ограничени само до персонален ефект.
- Сите профили на играчите ќе бидат заклучени 40 секунди пред ударот на моменталниот номадски напад.
- Откако ќе удри и ќе се пресмета последниот, 50-тиот бран, сите профили ќе останат заклучени и ќе се формира крајното рангирање.

Рангирање



- Рангирањето е според резултатот од бројот уништени варварски кампови, помножен по животите на играчот. Пример - играч кој уништил 1 000 варварски кампови и има 20 животи ќе има резултат 20 000 поени.



Награди:



- Играчите рангирани во топ 3 на основното рангирање ќе ги добијат големите награди на турнирот - медали и дијаманти. Наградите во дијаманти се распределени по следниот начин: 1-во место - 2 125 000 дијаманти, 2-ро место - 1 275 000 дијаманти, 3-то место - 850 000 дијаманти.
- Играчите рангирани на следните 50 места после топ 3, ќе добијат ваучер за 85 000 дијаманти.
- Ќе бидат доделени специјални награди во 9 категории:
*Непобеден - играчот со највисок резултат кој не загубил ниеден живот
*Најкрвав воин - играчот со најмногу медали Воин на денот
*Воинот над сите воини - играчот со најмногу воени поени
*Грабител - играчот кој отворил најмногу ковчези од варвари
*Стратег - играчот со највисок сооднос помеѓу убиени непријателски војници и загубени сопствени и кој има минимум 25 преостанати животи
*Заштитник - играчот со највисок сумарен процент сила на одбиените напади (пример - 3 одбиени напади со по 120% сила даваат 360 поени за оваа категорија)
*Економист - играчот кој завршил со најмногу поени Просперитет
*Технократ - играчот кој завршил со најмногу Технолошки поени
*Градител - играчот кој завршил со најмногу Градежни поени
- Топ 5 играчите од секоја категорија ќе добијат медали на профилот.

* Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.